Грчки пилот обвинет за убиство на сопругата Британка, го призна злосторството

544

Драма се крена во судот во Атина, кога 33-годишен пилот од Грција, кој призна дека ја убил својата британска сопруга во едно злосторство, бил донесен да сведочи, пренесува Гардијан.

Бабис Анагностопулос беше набрзина внесен во зградата од страна на полицијата од грчката антитерористичка единица, носејќи лисици на рацете и панцир, каде што бил пречекан со скандирања од страна на гневните набљудувачи собрани надвор.

„Да гниеш во затвор, чудовиште“, врескаше еден човек.

Пилотот, кој повеќе од пет недели тврдеше дека смртта на неговата сопруга, Каролин Крауч, е несреќен исход за време на грабеж, сè додека не призна дека ја измислил приказната, не покажа ниту еден знак на емоција. Наместо тоа, тој детерминирано одеше кон влезот на зградата на судот, свртувајќи се за момент како што ескалираа извикувањата на демонстрантите.

Крауч, 20-годишна студентка, беше задушена во, како што извештајот на еден судски вештак ја опишува, „агонизирачка смрт“, во раните утрински часови на 11 мај.

„Задушувањето траеше од пет до шест минути“, се вели во извештајот.

Полицијата ја најде 11-месечната ќерка на двојката, Лидија, како лежи покрај телото на мртвата мајка во нивниот приградски дом во Атина.

Семејното куче, Рокси, исто така беше пронајдено обесено, откако беше убиено во обид местото на злосторството да изгледа „поубедливо“, според извадоците од првичното сведоштво на пилотот објавени од грчките медиуми.

Повеќе на линкот.