Специјална лимонада од јагоди

36
Се подготвува за десет минути, а задоволството не прекинува. Искористете ги последните јагоди сезонава, достојно да се збогувате со ова неверојатно овошје кое го најавува летото на најубав начин. Заслужува да биде достојно поздравено.
Потребно е:
  • 2 литри вода
  • околу 500 гр јагоди
  • 4 лимони (да биде околу 200 мл исцеден сок)
  • 2-3 лажици мед (може шеќер или фруктоза)
  • коцки мраз
  • гранчиња свеж рузмарин
Приготвување:
 Измешајте ги јагодите со мед, додадете лимон и вода. Можете исто така да користите газирана вода. Украсете по желба, можете да додадете сечкани јагоди, лимон во лимонадата и гранче свеж рузмарик.