Грција ги истражува причините за судирот на возовите-шефот на железничката станица немал „соодветна“ обука

1250

Регулаторната управа на грчката железница (РАС) денеска соопшти дека уапсениот шеф на железничката станица во Лариса, вклучен во неодамнешниот судир на воз во Темпи, во кој на 28 февруари животот го загубија 57 лица, немал „соодветна“ обука.

Во соопштението на РАС се наведува дека инспекцијата открила недостатоци кои претставуваат „сериозна и непосредна закана“ за јавната безбедност, како и дека „нема докази“ дека шефот на железничката станица и остатокот од персоналот поминале основна обука. јавува Франс 24.

РАС ја обвини Грчката железничка организација (ОСЕ) дека не го обучувала „соодветно“ персоналот суштински за безбедноста на железницата.

ОСЕ најави дека ќе одговори „детално и документирано“ на сите приговори на РАС, пренесува Ројтерс.