Груби во тематски „аутфит“: На стартот на изградбата облече маица со Коридор 8/ФОТО

98

Вицепремиерот Артан Груби со симболична маичка го означи стартот на изградбата на коридорите 8 и 10-д. Носи маица на која има вертикални линии за патни ознаки за „дозволено пристигнување“ и „лента за застанување“ и бројката 8.

Владата денеска свечено ќе го означи стартот на изградбата на коридорите 8 и 10-д со поставување камен-темелник. Настанот ќе се одржи на првата наплатна рампа на автопатот Тетово-Гостивар, каде што веќе теренот е подготвен.