Граѓаните на Делчево се едуцираа за заштита од Ковид-19

40

Невладината организација „Тернипе МК“ од Делчево ги продолжи активностите од проектот „Поддршка за ранливите категории во време на Ковид-19.

Денешната активност како што информираше координаторот на акцијата, Ермина Реџепова се реализираше во дворното место на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево, каде граѓаните добија бесплатни заштитни маски и потребните информации за заштита од вирусот Ковид-19.

-Денеска продолжуваме со активностите од овој проект чија општа цел е презентација како и заштита и спречување на Ковид-19 кај маргинилизираните групи на граѓани. Денешната акција предизвика голем интерес бидејќи беа поделени 100 маски повеќе од предвидените 250 заштитни маски,-изјави Реџепова.

Во рамки на понатамошните активности од овој проект, како што додаде Реџепова ќе се врши распределба на прехранбени и хигиенски пакети на 65 семејства, а како трета активност е предвидено и доделување на дигитална опрема за успешно вклучување на ученици во далечинското учење.

Од Здравствен дом „Гоце Делчев“ ја поздравија оваа акција.

-Тоа е една невладина организација која сака да придонесе во борба против Ковид-19. Во договор со нас делеа заштитни маски за заштита од вирусот што сметам дека е во корист на целото граѓанство- истакна директорката на делчевскиот здравствен дом Марија Глигоровска.

Проектот е финансиран од Владата, а се реализира во партнерство со Општина Делчево и Општинската организација на Црвен крст.