Граѓаните во солзи бегаат од Киев, хаос е на улиците, на границите/ВИДЕО

1220

Русија во четвртокот започна инвазија на Украина од копно, воздух и море, што е најголемиот напад на друга земја во Европа од Втората светска војна и потврда на најголемите стравови на Западот. Од Украина стигнуваат вести за загинати, а руската агресија ја осудија многу земји ширум светот.

Репортерката на српската Н1 телевизија Ана Млинариќ во живо известуваше од Киев со најновите информации од Украина.

„Се оди кон универзална психоза. Хотелот во кој се наоѓаме, според безбедносните проценки, повеќе не е безбеден и сите тимови мора да бидат евакуирани“, вели таа.

Патиштата кон западот од земјава цело утро се пренатрупани. Огромен број луѓе го напуштаат Киев, главниот град на Украина, јавува репортерката.

Додека чекал во колоната, еден човек ја опишал моменталната ситуација со еден збор – „ужас“, а потоа го совладале емоциите.