Градскиот оркестар „Алегро“ од Крива Паланка викендов се врати со освoено прво место од меѓународниот детски креативен фестивал „Зборуваме руски“ кој се одржа во Скопје.
Најмладите кривопаланчани – виртуози на музичките инструменти пред публиката во Скопје се претставија со својата изведба под диригентската палка на професорката Лариса Жулина-Митовски, во конкуренција на млади музичари од повеќе градови во земјава. Бројната публика со големо внимание ја проследи изведбата на руската народна песна „Калинка – малинка”.
-Градскиот оркестар „Алегро“ се претстави во најдобро светло. Впрочем, затоа и работиме со учениците, затоа се трудиме наученото и сработеното да го презентираме пред публиката, која несомнено ужива во звуците од малите музички таленти од Крива Паланка – вели професорката Жулина-Митовски.