Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година

64

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ги посети  првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и мајката Сузана Стошиќ, на која Михаил и е четврто дете.

Од Град Скопје соопштија дека Арсовска ја посетила и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, две минути по полноќ.

На двете родилки и нивните семејства од Град Скопје им посакуваат здравје и среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите на своите деца.