Градоначалникот на Крушево -член на ИO на Асоцијација на градови со културно наследство

296

Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, е избран за член на извршниот одбор на Асоцијацијата на градови со културно наследство, тело кое ќе работи на заштита на културното богатство на општините.

По седницата на Асоцијацијата, градоначалникот Христоски изрази задоволство за тоа што е дел од ова тело и порача дека со општините ќе работат активно на олеснување на процедурата за имплементирање на проекти во областа на културното наследство.

– За прв пат претставници од локалната самоуправа на Крушево се избрани во органите и телата на Асоцијацијата на архитектонски градови при ЗЕЛС. Во ова тело во рамките на ЗЕЛС во иднина ќе придонесеме за полесно, поедноставно и поефикасно справување со бирократските процедури со кои се соочуваат сите општини во Република Северна Македонија и полесно имплементирање на проектите од областа на културното наследство во законските рамки, со предлагање на измени во Закони и подзаконски акти преку Заедницата до Влада“, изјави Христоски.