Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски позитивен на Ковид – 19

40
Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на Ковид-19. Тој синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника.
-Утрово го добив тестот, засега сум добар, немам температура и примам соодветна терапија пропишана од лекарите, изјави Георгиевски.

Засега нема потврда од администрацијата во Општина Гази Баба дали вработени во општината ќе треба да одат во самоизолација.

Извор:МИА