Го сакаше кога имаше мозолчиња и криви заби

431

Имаше само 16 години кога ја загуби невиноста и тоа со светски познатиот фудбалер, Кристијано Роналдо. Денеска, две децении покасно, најпопуларниот фудбалер во светот тешко дека се сеќава на неа и сигурно не би ја ни погледнал доколку помине покрај неа.

Португалецот веќе неколку години е во врска со Џорџина Родригез, а пред неа, креветот го делеше со многу убави и познати девојки. Благодарение на славата и парите кои ги има Роналдо е магнет за убави жени, но ниту една не успеа да го смири како што го смири Џорџина која му роди и две деца.

Откако се појави на големата сцена Роналдо доживеа значајна трансформација, пред се околу физичкиот изглед.

Својата богата фудбалска кариера ја започна во дресот на Спортинг од Лисабон, а соблекувалната ја делеше со далеку поискусниот Марио Жардел, кој во минатото беше најдобар стрелец во Европа и добитник на „Златната копачка“.

Тогаш Роналдо не беше ниту ф од фраер, како што е денеска. Лицетот му беше полно со мозолчиња, а забите му беа криви. Во тоа време Роналдо се мачеше околу заработката, потекнува од сиромашна фамилија, но имаше и проблем со неговиот татко кој беше алкохоличар.

Сепак, една девојка го сакаше таков каков што беше. Станува збор за Џордан Жардел, со кого Роналдо ја загуби невиноста кога таа имаше само 16 години.

Џордан е сестра на далеку попознатиот Марио Жардел и важи за едниствената девојка која била прифатена од мајката на Роналдо, Долорес. За разлика од Долорес, Роналдо тогаш размислуваше сосема поинаку.

Само што потпиша за Манчестер Јунајтед, Португалецот стави крај на врската со Џордан. Ја започна трката по богатството и по убавите жени. Нема дилема дека денеска Роналдо не би ја ни погледнал својата прва девојка.

Роналдо почна да ги краси насловните страници на британските таблоиди, а скромната Џордан се повлече и не сакаше да биде во медиумите. Живееше далеку од очите на јавноста, тивко и среќно.

Џордан веќе некое време живее во Швајцарија каде што се омажи и каде што доби ќерка. Активна е на друштвените мрежи, особено на Инстаграм каде што објавува фотографии од својот живот.

Без срам ги покажува своите облини и од приложеното лесно ќе се дојде до заклучок дека изгледа одлично за жена која е во четвртата деценија од својот живот.

Последен пат во медиумите се појави на почетокот од 2022 година кога нејзиниот брат Марио беше учесник во реалното шоу „Големиот брат“.

Како што е познато, поранешниот голгетер на Спортинг, Порто и Галатасарај, изгуби многу пари поради зависноста од наркотични средства.