Го раскина договорот оти му било ладно

112
Фудбалскиот свет е сведок на уште една несекојдневна ситуација која пристигнува од Шведска. Напаѓачот од Сиера Леоне, Муса Ноа Камара, после само една недела го раскина 3-годишниот договор кој го потпиша со шведскиот клуб Трелеборг.
Клубот преку официјално соопштение потврди дека фудбалерот поради лични причини побарал да биде прекината соработката и дека клубот веднаш го има прифатено неговото барање.
  • Муса Ноа Камара сака да се врати во својата татковина поради лични причини, стои во официјалното соопштение на шведскиот клуб.
Неколку дена подоцна, фудбалерот потврди дека сакал по секоја цена да се врати во Freetown затоа што не успеал да се привикне на ладното време во Шведска. Изминатата сезона Муса Ноа Камара постигна 15 погодоци во националниот шампионат на Сиера Леоне и благодарение на неговите погодоци, кои го направија најдобар стрелец во лигата, тимот на East End Lions, ја освои шампионската титула.