Го прослави крајот на штрајкот: Кевин Бејкон сè уште танцува како момче/ВИДЕО

108
Актерите во Холивуд пред некој ден прогласија крај на штрајкот по 119 дена и прославите веќе се во полн ек, а еден од оние кои се приклучија на прославата е и Кевин Бејкон.

Ѕвездата на познатиот филм Footloose неодамна објави видео на социјалните мрежи во кое го слави крајот на штрајкот изведувајќи ги своите препознатливи танцови движења од истиот филм, овојпат во својата штала.

Бејкон веќе стана популарен по видеата од неговата фарма во Конектикат, каде често се гледаат кози, а сега ги воодушеви обожавателите. Неодамна се појави на подкастот Podcrushed и откри дека не знаел дека Footloose е мјузикл кога одел на аудицијата.

„Кога го снимав мјузиклот, не бев танчер, не тренирав како танчер. Искрено, не ни сфатив дека е филм со танцување. Мислев дека кога ќе ми рекоа да танцувам, јас само ќе станам. Не е ништо страшно. Само пуштете ја музиката и ќе скокам наоколу“, рече тој кога му кажале дека ќе работи со кореограф.

Овој филм стана огромен хит и сите го поврзуваа со танцот, иако Бејкон не сакаше да биде икона на поп културата, туку бараше посериозни улоги.

„Сакам да бидам Дастин Хофман или Мерил или Џон Казале или Де Ниро“. Сакам да работам со Скорсезе. Сакам да го работам Чехов“, размислувал тогаш Бејкон.

Од 8 декември ќе можеме да го гледаме Кевин Бејкон во филмот Leave the World Behind на Нетфликс.