Го намамила сопругот во кревет, му ги врзала рацете и нозете и му го отсекла пенисот

107

Неименувана Бразилка (34) му го отсекла пенисот на сопругот (39) и го фрлила во тоалетот откако дознала дека тој спиел со нејзината 15-годишна внука. Несреќната жена моментално е во притвор, пишува Daily Mail. Не се знае во каква состојба е неверниот сопруг.

„Добро вечер полицајци, дојдов да се претставам затоа што штотуку му го отсеков пенисот на мојот сопруг“, им рекла таа на полицајците откако влегла во станицата во близина на Сао Паоло на 22 декември.

Брзата помош веднаш се упатила кон нивната куќа каде ги пронашла повредените мажи. Неговата моментална состојба не е позната.

Прво го намамила во кревет, а потоа му ги врзала рацете и нозете. Потоа извадила жилет и го скратила за машкост. Пред да го фрли пенисот во тоалет, го фотографирала. На полицијата и признала се и открила дека органот го фрлила во тоалетот бидејќи слушнала дека е можно да се врати хируршки.

Жената е во притвор и е обвинета за обид за убиство. Полицијата не ги коментираше обвинувањата за секс со малолетничка бидејќи истрагата е во тек. Во Бразил старосната граница за согласност за секс е 14 години, па треба да се испита дали врската била консензуална.