Голем интерес за проектот за енергетска ефикасност  „Замени“

70

Проектот за енергетска ефикасност „Замени“ во рамките на Стратегиската платформа за локален економски развој на Општина Аеродром, наиде на голем интерес меѓу граѓаните на општината.

Како што информираат од Општина Аеродром, по завршувањето на јавниот повик, во Општината се пристигнати вкупно 45 апликации за станбени згради.

Субвенционирано менување на ПВЦ-прозорци и врати, обнова на фасади, реконструкција на кровови, набавка на нови елеватори и воведување СМАРТ-системи за користење заедничка електрична енергија беа меѓу опциите што жителите на општината можеа да ги одберат и да ја подобрат енергетската ефикасност на своите живеалишта, а Општината учествува со одреден процент.

Набрзо ќе се формира комисија, која ќе ги разгледа барањата, по што ќе следува реализација на одбраните апликации.

-Општина Аеродром го започнува циклусот на континуирано инвестирање со цел намалување на загадувањето и заштита на животната средина. Следејќи ги светските трндови, и во наредниот период ќе промовираме слични програми што ќе овозможат поекономични услови за живеење на жителите на Аеродром- потенцира градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.