Голден стејт поведе во финалната серија во Западната конференција откако, како домаќин, го совлада Далас со 112:87.

„Воините“ успеаја да ја запрат првата ѕвезда на Маверикс, Лука Дончиќ, а со самото тоа лесно дојдоа до триумфот во кој најефикасен беше Стеф Кари со 21 поен и 12 скока.

Словенецот беше најдобар во својот тим, но со учинок послаб од својот просек. Тој постигна 20 поени, имаше седум скока и четири асистенции.