Во некое друго време ова немаше да биде вест, но осакатениот Голден Стејт изненадувачки стигна до својата втора победа во НБА-лигата, практично со тимот во развој. „Воините“ го совладаа Портланд со 127:118, а херој во победничкиот тим беше Ерик Паскал, кој постигна 34 поени и запиша 13 скока.

Голден стејт него го избра како 11. пик од втората рунда, а хаотичната ситуација со повредите на најдобрите придонесе тој да добие значајна минутажа во тимот. Добиената шанса одлично ја искористи и притоа постави личен рекорд во Сан Франциско, по бројот на постигнати поени. Својот 23-ти роденден, го прослави на најдобар начин, а ова е прв триумф на „воините“ во новата сала.

На спротивната страна Демијен Лилард броеше до 39, но тој ќе сака што поскоро да го заборави овој пораз, бидејќи вечерта му пропадна на Паскал за кого цела арена скандираше „МВП“.

Најголемото изненадување сезонава, екипата на Феникс, и го нанесе првиот пораз на Филаделфија, па сега нема тимови без пораз во НБА-лигата. Со простанатите натпревари Милвоки ја прегази Минесота на гостински терен, а повторно одлична партија имаше Јанис Адетокумбо, кој запиша 34 поени, 15 скокови и шест асистенции.

  • На загревањето погодував се што можеше. Бев среќен, а потоа ми кажаа дека обрачот не е во ред, па сфатив зошто сум толку добар, се пошегува минатогодишниот МВП.

Резултати: Вашингтон – Детроит 115:99, Бруклин – Њујорк 135:125, Мемфис – Хјустон 100:107, Минесота – Милвоки 106:134, Феникс – Филаделфија 114:109, Голден стејт – Портланд 127:118.