Иако загадувањето на воздухот им создаде сериозен проблем, сепак организаторите на трката за Големата награда на Сингапур нема да биде одложена, како што првично објавија. Нивото на штетни честички во воздухот рапидно е зголемено поради пожарите ги има во Индонезија.

Формула 1 болидите од денес до недела ќе возат под рефлекторите на патеката во Сингапур. Ниту облакот од густата магла што се надвил над градот нема да им претставува проблем на организаторите.

Инаку Големата награда на Сингапур секогаш претставува проблем за возачите поради големата влажност на воздухот.