Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, воопшто не беше воодушевен од саботниот дуел во тешка категорија, а со тоа на некој начин го навреди Кертис Блејдс.

Дана Вајт е познат по своите ставови дека најмногу го цени нокаутот и дека го нервира тоа кога борците ќе остават одлуката на судиите да влијае на конечниот резултат.

Сега, на прес-конференцијата имаше нов излив на гнев, а сè беше насочено кон Куртис Блејдс, кој го победи Александар Волков со едногласна одлука на судиите.

Пред да започне борбата, Куртис Блејдс вети спектакл и најави дека ќе го „фрли Волков како кукла“ и ќе ја заврши многу наскоро, но не успеа да го стори тоа, што го налути Вајт.

  • Го сакам Куртис Блејдс, но има погрешен став. Навистина, јас немам ништо против еден дечко, но кога ќе ги кажете сите го*на, подобро покажете колку сте добар во окстагонот. Изгледаше како глупак. Ја истроши својата енергија брзо, иако велеше дека ќе го фрли како марионета, истакна Дана Вајт.

Ова беше четврта последователна победа за Куртис Блејдс, а воедно го сруши рекордот по  бројот на удари во еден натпревар во тешка категорија.

  • Победив и среќен сум. Секој дел од мене е среќен поради новата победа. Без оглед на кој агол ќе погледнете, јас сум победник, мојата рака беше во воздухот и затоа сум среќен, вели Блејдс.