Во финалето на Светското првенство во фудбал, во кое Аргентина по пенали ја победи Франција, две навивачки го соблекоа дресот на „гаучосите“ и ги покажаа голите гради на трибините на Лусаил.

Секако, тоа веднаш привлече големо внимание, особено затоа што во Катар важат строги закони кога станува збор за ваквото однесување, а многу брзо на социјалните мрежи се расправаше дали ќе завршат во затвор?

Дилемата беше уште поголема, откако беа исфрлени од стадионот… Меѓутоа, ден подоцна, Аргентинките се огласија на Инстаграм и потврди дека тоа се топлес девојките од стадионот Лусаил. Тие споделија и видео како се соблекуваат на стадионот, а потоа објавија и фотографија како се качуваат во авион за Аргентина.