Доколку репрезентацијата на Германија се закити со златниот медал на претстојното Светско првенство во Египет, ќе добие премија од половина милион евра од страна на Ракометната федерација на оваа земја. Покрај ракометарите, и стручниот штаб во репрезентацијата ќе има свој удел во наградата.

За второто место е предвидено премија од 380.000 евра, додека за третото место би добиле награда од 260.000 евра. Утешни 140.000 евра доколку бидат во најдобрите четири, односно четврто место.

Избраниците на Алфред Гисласон се во група со Унгарија, Уругвај и Капе Верде, а ќе стартуваат со дуел на 15 јануари против Уругвај.