Германски државјанин уапсен во угостителски објект во Скопје

101

Во угостителски објект во Скопје, денеска бил приведен германски државјанин, кај кого била пронајдена прашкаста материја.

-На 26.05.2023 во 02 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода германскиот државјанин М.М.Ф.П.(32), затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.