Германија е на пат да стане нефункционална банкрот-држава

768

Германија ризикува да стане нефункционална банкрот држава доколку не успее да се справи со енергетската криза и продолжи со неурамнотежена финансиска политика, изјави потпретседателот на Бундестагот Волфганг Кубицки.

– Ако продолжиме по тој пат и сакаме со години да даваме енергетска помош, тогаш би можеле да се соочиме со банкрот на државата, а не на државниот социјализам – изјави Кубицки за весникот „Билд ам зонтаг“.

Тој посочи дека дополнителните пари што Германија сега планира да ги потроши за увоз на енергија од други региони освен Русија ќе бидат повлечени од други области, бидејќи вишокот не може да се реализира со печатење пари или да се покрие од даночните обврзници, пренесува РИА Новости.

– Многу луѓе имаат чувство дека Германија е на пат да стане нефункционална земја. Инфраструктурата, управувањето, цените на енергијата и неспособноста да ја одбрани својата земја – мораме да преземеме контрамерки, во спротивно работите може да тргнат наопаку – додаде Кубицки.