Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, направи уште еден чекор до олимписката норма откако освои нови бодови за посакуваниот билет за Летните олимписки игри во Париз во 2024 година.

По триумфот на турнирот „Г1 Тирана опен“, овој пат беше најдобар на „Загреб опен Г1“.

Во хрватската престолнина, тој го совлада Италијанецот Марко Насо. Потоа беше подобар од Бразилецот Патрик Переира Кардосо, а во финалето беше подобар од Холанѓанецот Брајан Зондероп.