Гвардиола повторно тренер на Барселона

143

Не само дека планира повторно да биде претседател на Барселона, Хоан Лапорта, откри дека доколку победи на претседателските избори, ќе се обиде во тренерското столче да го врати миленикот на најверните фанови на каталонскиот гигант, Пеп Гвардиола.

  • Работам на кампањата и повторно ќе се кандидирам за претседател на Барселона. Сум бил на таа функција, знам за каква чест, но и одговорност станува збор. Ситуацијата во 2021 година ќе биде драматична на финансиски план, но имам одличен тим зад себе и самодоверба дека Барселона ќе остане најдобриот клуб во светот. Мојата идеја е да го вратам Пеп Гвардиола на тренерската позиција. Чави исто така е веќе тренер, но тој самиот ќе реши кога за него е најдобро да седне на клупата. Не е лесно да се води Барса, изјави Лапорта.