Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не знае дали Нејмар ќе биде подобар по неговото евентуално враќање во Барселона.

Каталонскиот клуб сака да го врати Бразилецот, кој во 2017 година премина во Пари Сен Жермен, но сега прави напори повторно да го облече „сино-црвениот“ дрес.

– Нејмар е исклучителен играч, но не знам … Се едно и јас да се вратам во Барселона. Јас не сум истиот. Не знам дали Нејмар ќе биде ист. Едно е сигурно: тој е многу добар играч. Никој не се сомнева во тоа, изјави Пеп Гвардиола за „А Бола“.