По средбата со премиерот на Косово Албин Курти, во Брисел, претседателот Александар Вучиќ рече дека Курти дошол во Брисел да каже дека нема да се согласи за ништо.
Тој најави дека Србија ќе стори се за да го продолжи дијалогот и дека е се согласи следната рунда да биде до крајот на јули.
„Не знам што да ви кажам, да бидам искрен мислам дека должината на разговорите зборува и за резултатите, беше договорено дијалогот да се продолжи до крајот на јули, се надевам дека ова е една важна работа што може гарантира мир и стабилност. „Сè друго би било непотребно да се коментира“, истакна Вучиќ.