Вучиќ: Армијата нема да влезе во Косово, ќе ги повлечеме силите од тоа подрачје

124

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека нема намера да ѝ нареди на армијата да ги премине административните премини со Косово, додавајќи дека ќе ги повлече српските сили од областа бидејќи, како што наведе, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за желбата на Србија да стане членка на Европската унија.

„Зошто ова би било корисно за Белград? Која би била идејата? Да ни се уништи позицијата што ја градевме една година? Да го уништите за еден ден? Србија не сака војна“, рече српскиот претседател Вучиќ во изјава за „Фајненшл тајмс“, а пренесува Танјуг.

Тој додаде дека предупредувањата на Вашингтон се непропорционални бидејќи бројот на српските сили на теренот се намалува.

„Минатата година имавме 14.000 луѓе во близина на административната линија, денес имаме 7.500 и тоа ќе го намалиме на 4.000“, рече Вучиќ.

Тој рече дека е „чиста лага“ дека Србија ја испраќа војската на административна линија.

„Србија нема да има корист од тоа бидејќи би ја загрозило нејзината позиција во преговорите со Приштина под покровителство на Европската унија“, рече Вучиќ во изјава за „Фајненшел Тајмс“.