Раперот Вук Моб ја запроси својата девојка, новинарката Оливера Конат на концертот пред Народното Сообрание на Србија во Белград.

Тој на крајот на настапот ја повика својата поубава половина  да му се придружи на сцената, а потоа пред многубројната публика ја праша да се омажи за него.

– Бидејќи ја сакам најмногу од се би сакал да ми стане жена до крајот на мојот живот, и поради тоа ја прашувам дали ќе се омажи за мене  -кажал Вук.

 

Оливера не можеше да го сокрие воодушевувањето и прифати да се омажи за раперот.

М.А