Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, го освои второто место на првата сезонска трка во Франција, во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки. Во категоријата 1 во третата група беше втор со вкупно време од 5:45,790 минути по двете трки. Французинот Николас Грание беше прв во оваа група со 5:45,073 минути. Италијанецот Антонино Мигљуло беше трет.

Ова воедно е негов кам-бек на ридските патеки по неколкугодишна пауза, а токму во ова натпреварување ги забележа најдобрите резултати и успеси во кариерата.