Врховниот суд овозможи истрага за финансиите на Трамп

35

Врховниот суд на САД денеска му отвори патот на обвинителот во Њујорк да ги прибави даночните пријави и други финансиски податоци од поранешниот претседател Доналд Трамп како дел од кривичната истрага, што претставува удар врз барањата на поранешниот претседател да ги сокрие деталите за неговите финансии.

Судиите го отфрлија барањето на Трамп да се стави на чекање одлуката на нижиот суд од 7 октомври со која на поранешната сметководствена фирма на поранешниот претседател „Мазар УСА“ и се наложува да се придржува до наредбата за предавање на материјалот на големата порота, свикана од адвокатот на округот Менхетен, Сирус Венс.

За разлика од претходните американски претседатели, Трамп одби да ги објави своите даночни пријави за време на неговиот четиригодишен мандат.

Врховниот суд, исто така, денеска се согласи да ја испита законитоста на едно од строгите правила за имиграција донесено од поранешниот претседател, што ги оневозможува имигрантите, за кои се смета дека ќе бараат владини бенефиции, да добијат легален престој.

Претседателот Џо Бајден, кој го критикуваше имиграцискиот пристап на Трамп, се очекува да го отфрли правилото за таканаречената „јавна наплата“.

Извор:МИА