Од Градот известуваат дека утре и во понеделник, на улицата „Воин Драшкоци“ , во населбата Хром, поради градежни работи, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.
Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните работи на улицата.
Градските власти апелират до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.