Шведскиот ракометен стручњак Љубомир Врањеш има нова работа. Тој во следните четири години од клупата ќе го води францускиот Ним.

Ним има лоша сезона зад себе, го освои шестото место во француската лига кое не им донесе пласман во ЕХФ Лигата на Европа следната сезона, па сакаат во новата сезона да бидат на врвот на табелата во домашниот шампионат.

Покрај новиот тренер, клубот претстави и пет нови засилувања, меѓу кои и голманот на словенечката репрезентација Јоже Базник. Што се однесува до Врањеш, тој во текот на својата тренерска кариера седум години го водеше Фленсбург, со кој ја освои Лигата на шампионите во 2014 година, а потоа работеше во Веспрем, Кристијанштад и Р.Н. Левен, а беше и селектор на Унгарија, Словенија и Србија.