Во Франција откажан дочекот на фудбалерите: Играчите само сакаат да си одат дома

225
EPA-EFE/Mohamed Messara

Во Париз е откажан денешниот планиран дочек на француската фудбалска репрезентација која во неделата во финалето на Светското првенство во Катар загуби од Аргентина.

Според претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ) Ноел Ле Грает, по слетувањето во татковината, фудбалерите само сакаат да си одат дома.

Отпрвин планирале пократка церемонија на Плас де ла Конкорд, но поради поразот веќе ја откажале класичната парада на Шанзелизе. Сега, како што изјави Ле Грает за телевизијата BFMTV, откажана е и пократката церемонија. Авионот со француските фудбалери ќе слета на аеродромот Роаси околу 18 часот.

– Играчите само сакаат да си одат дома, па нема да има дочек на Шанзелизе. Наместо тоа, тие ќе си заминат дома веднаш по слетувањето на авионот, изјави претседателот на ФФФ, Ле Грает.

Французите во неделата разочарани го напуштија стадионот Лусаил во Доха. По 90 минути резултатот беше 2-2, по продолженијата 3-3, а во судиското продолжение Аргентинците беа поуспешни со 4-2 и ја прославија третата титула во историјата.

Французитево четвртото финале загубија по втор пат. Пред четири години ја освоија титулата на СП во Русија.