Како што јави ноќва тетовската телевизија Коха, во Тетово под засега непознати околности се запалени две возила на ЕВН.

Во Тетово минатата недела се одржа граѓански протест против поскапувањето на струјата во време на криза поради пандемијата со коронавирусот, а денеска протест ќе се одржи и во Скопје.

Протестниот одбор најави дека во Скопје протестите ќе тргнат од Жена-парк и од Паркот во Чаир во 18 часот, а се бара намалување на цената на струјата, компаниите да не прфитираат на сметка на граѓаните и укинување на Регулаторната комисија која ја донесе оваа одлука.