Австрелискиот теисер Џон Милман истакна дека тенисот е спорт во кој е тешко да се успее. Моментно 43. тенисер во светот, кој својот најдобар пласман го имаше на 33 место на АТП листата во кариерата играше само две финалиња, а на САД Опен во 2018 година стигна до четвртфиналето.

  • Во тенисот нема гаранција, тоа е спорт во кој само првите 100 на АТП листата добро заработуваат, додека другите се мачат и се обидуваат да се пробијат. Повеќето од нив во текот на целата кариера не доаѓаат ниту до главниот турнир, а некои бодови во вистински момент може да направат голема разлика, изајви Милман и додаде:
  • Она што ние можеме да го направиме е да го контролираме она што не може да се контролира и да бидеме опкружени со добри луѓе. Можеме максимално да се трудиме секој ден да бидеме се подобри и подобри. Можеби нема да ги остварис своите цели, но ќе можеш да се погледнеп во огледало и да кажеш дека си направил се што си можел. Мене тоа ми носи чувство на екстремно задоволство и тоа може да ме направи среќен.

Милман и ма 30 години, а во кариерата има освоено 19 челинџерс турнири.