Од денеска во Србија стапија на сила новите мерки на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, кои беа донесени на последната седница во понеделникот. Кризниот штаб и препорача на Владата на Србија да ги олесни мерките, кои подоцна ги усвои. Повеќето од мерките се однесуваат на работата на угостителските објекти, продавниците за малопродажба, како и за спортските настани и матурските прослави.