Без струја утре повеќе делови од Скопје

58

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 9 до 14 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Корушка“ и „Драгутин Аврамовски Гуте“, како и дел од корисниците од улицата „Иван Цанкар“, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците дел од улицата „Џумајска“, Општина Ѓорче Петров, како и корисниците од улицата „Саса“ – подулици 18 и 32, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 10:30 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од корисниците од село Шишево, Општина Сарај.