Во Скопје 173 сообраќајни санкции, 78 за брзо возење

20

На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции.

Како што соопштија денеска од МВР, 11 се за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол, а изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас и девет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.