Во Сирија ликвидиран советник на Иранската револуционерна гарда: Техеран спрема одговор/ФОТО

127
EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранските власти денеска соопштија дека во израелски воздушен напад во Сирија синоќа бил убиен советник на Иранската револуционерна гарда, кој му се припишува на Израел.

Револуционерната гарда предупреди дека ќе одговори на нападот, јавуваат израелските медиуми.

„Лажниот и криминален ционистички режим несомнено ќе добие одговор за тоа злосторство“, се наведува во соопштението, а жртвата е идентификувана како Милад Хејдари.

Воен извор за сириската државна новинска агенција САНА изјавил дека целта на нападот бил во предградието на сириската престолнина Дамаск и дека паднале неколку израелски ракети и причинета е материјална штета.

Експлозии се слушаат над Дамаск втора ноќ по ред, велат жителите, јави САНА, но не соопшти дали има жртви.

Реагираше противвоздушната одбрана и беа соборени некои израелски ракети, пренесе АП.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, опозициска организација која ја следи граѓанската војна во Сирија, рече дека ракети погодиле складишта за оружје на владините сили и организациите поддржани од Иран јужно од Дамаск.

Израел постојано напаѓа цели во областите на Сирија контролирани од владата во Дамаск, вклучително и напади на аеродромот во тој град и во Алепо, но ретко ја презема одговорноста.