Во руски град птици паѓаат мртви од небото-граѓаните вознемирени, случајот уште без објаснување/видео

112

На руските социјални мрежи корисниците споделија снимки на кои се гледаат десетици мртви птици како паѓаат од небото и лежат на улиците на градот Балаковo.

Како што пишува Раша тудеј, во тој град се наоѓа нуклеарна централа.

Првите фотографии од овој засега необјаснет феномен се појавија на руската социјална мрежа В контакти, на страницата „Секојдневно Балаково“, посветена на градот кој се наоѓа на околу 1000 километри јужно од Москца, и во чија близина се наоѓа голема нуклеарна централа.

Во коментарите под фотографиите мештаните навеле многубројни теории кои би можеле да се причинители за оваа појва на масовно угинување на птици. Додека некои укажувале на природни феномени, како што се слични ветрови или судир на две јата, други ги обвинуваат огнометите, загадувањето па дури и 5 Г мрежата, иако во Русија уште ја нема.

Ветеринарниот оддел на Саратово соошти дека ја истражува причината за овој инцидент. Некои корисници на социјалните мрежи, меѓутоа, не им веруваат на стручњаците од Саратова и повикуваат во Балаково да дојдат експерти од Москва за да утврдат за што станува збор.

Извор:https://www.rt.com/russia/501308-birds-fall-from-sky-russia/