Во притвор полицаецот кој зеде 20 евра поткуп од Холанѓанец

88

Мерка притвор во траење од 8 дена му е одреден на 50-годишниот полициски службеник А.Б. обвинет дека зел поткуп од 20 евра од холандски државјанин, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи. А.Б., додаваат од таму, го признал делото по добиената кривична пријава поради сомнение за злоупотреба на  службената должност.

„Како што информиравме, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 22.9.2019 околу 13 часот го лиши од слобода А.Б., бидејќи на 21.09.2019 околу 16:20 часот, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, А.Б. надвор од работното време, облечен во полициска униформа, запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му зел поткуп од 20 евра“, соопштија од полицијата.