Во постојан допир со заразени, а постојано здрави:Научници откриле посебна категорија на луѓе, отпорни на Ковид 19

889

Посебен тип на имунитет е откриен кај здравствените работници кои се грижат за заразените со корона вирусот во таканаречената црвена зона, објавија научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон и Империјалниот колеџ во Лондон, а истражувањето е објавено во списанието Нејчр.

Авторите на студијата следеле повеќе од 750 здравствени работници кои биле во постојан контакт со пациенти заразени со корона вирусот.

Во текот на студијата кај 58 луѓе, ниту еден тест за инфекција не бил позитивен. Она што им беше заедничко, а кое не беше идентификувано кај другите испитаници, беше високата концентрација на Т-клетките на имунолошкиот систем. Тие дејствуваат како мемориски клетки способни да препознаат специфични инфекции кога ќе се појават во телото.

Научниците веруваат дека овие специфични Т-лимфоцити го спречуваат ковид 19 со исклучување на група вирусни протеини кои помагаат во репродукцијата на вирусот.

Како што се испостави, овие Т-клетки беа присутни и во примероците од крв собрани пред пандемијата, но тие можеа да го препознаат корона вирусот.

Научниците шпекулираат дека лимфоцитите што ги откриле би можеле да се појават во телото кога биле инфицирани со сроден корона вирус кој предизвикува обична настинка, по што телото формирало таква заштита.