Во општина Гостивар на гласање до 13 часот излегле над 15 илјади граѓани

37

Гласањето во гостиварската општина во првиот дел од денот го карактеризира зголемена излезност во споредба со првиот круг од локалните избори.

До 13 часот на гласачките места правото на глас го искористиле 15.236 граѓани (18,81%). Споредено со пресекот во истиот термин од првиот круг, излезноста е поголема за над 5 проценти (тогаш имаше близу 11 илјади).

Зголемената излезност ја потврдија и кандитатите за градоначалници и нивните изборни штабови.

Во соседната општина Врапчиште до 13 часот на 39-те избирачки места излегле 4.295 граѓани од запишаните 26.383 избирачи (16,29 проценти)