Во нападот во училиштето во Русија досега 13 загинати

24

Бројот на загинати во пукањето во училиштето број 88 во Ижевск, во руската Република Удмуртија, се искачи на 13, објави Истражниот комитет, а меѓу жртвите седум се деца.

Уште 14 деца и седум возрасни се ранети, се вели во соопштението.

– Напаѓачот се самоуби. Носел црна маица со нацистички симболи и фантомка. Немал никакви документи, во моментов се утврдува неговиот идентитет, соопшти Рускиот истражен комитет.

– Според прелиминарните податоци, извршителот бил вооружен со два воздушни пиштоли модифицирани да користат боева муниција, напиша на Телеграм Александар Хистеин, шеф на Комитетот за информативна политика на Државната дума.