Откако пред месец дена црногорскиот ракометен стручњак Веселин Вујовиќ, спогодбено го раскина договрот со Вардар, ги кажа и првите свои ставови за неуспешната приказна која го задржа во Скопје половина година.

-Во Македонија луѓето се нерални. И претседателот Михајловски мисли дека со ваков тим и буџет може да направи големи работи како претходно Самсоненко. Јас секогаш ќе бидам врзан со Вардар и со Михајловски, но можам да потврдам дека луѓето „летаат“ со желбите. Знам како му беше на Стевче Алушовски, верувајте нема да му биде лесно и на Дејвис, кој е одличен тренер.

Уште од првиот ден му реков на претседателот дека ни треба замена за Гаџа, бидејќи нема да може цела сезона да ја одигра на високо ниво. Македонските играчи на таа позиција не се на ниво, а и не беше реално да го ловиме Елдера. Играч од таков калибар има голема цена и барања, што и подоцна се испостави со неговиот трансфер во Веспрем. Да го имавме него во тимот ќе беше поинаку. Браќата Њокас одлично почнаа и своето си го завршија со двата одлични натпревари против Мешков Брест и Алборг. Сепак, подоцна се покажаа проблемите со нивниот карактер, не беа лесни за комуникација и за соработка, рече Црногорецот за „Балкан-хандлбалл“.