Во Кочани и овој април – вторпат гламурозна фолк-манифестација „Оскар на популарноста“ – Весникот ВЕЧЕР и порталот vecer.press повторно ќе ја доделат наградата  

163

На 25 април во хотелот „Амор“!

Весникот ВЕЧЕР и порталот vecer.press повторно ќе ја доделат наградата на некој од најпопуларните, а кои тоа ќе бидат, ќе се дознае еден ден пред настанот. -И сите останати наградени се држат во деловна тајност. Нема да има разочарани, гордо вели Иванчо Митев од ИМД-Продукција, главен во организацијата

Кочани и оваа пролет во пресрет на Првомајските празници, а годинава и Велигденските, ќе биде домаќин, на уште едно гламурозно издание на манифестацијата „Фолк-Оскар на популарноста“. По втор пат во ова убавото македонско гратче ќе се најдат на едно место македонски фолк-ѕвезди, како и минатата година. Ќе блеска од гламур што се однесува до имиџот на учесниците, па до самите бисерни хитови кои ќе ги пеат пејачите и пејачките.  

Весникот ВЕЧЕР и порталот vecer.press повторно ќе ја доделат наградата на некој од најпопуларните, а кои ќе бидат, ќе се дознае еден ден пред настанот.

-И сите останати наградени се држат во деловна тајност. Нема да има разочарани, пејачи-учесници ќе бидат испочитувани, заедно со новинарите, кои и минатата и оваа година покажуваат голема заинтересираност за следење на настанот. Со овој фолк-настан на македонската фолк-музика ѝ даваме и една уметничка вредност, гордо вели Иванчо Митев од ИМД-Продукција, главен во организацијата.

Водители се истите: згодната Ирена Спировска и пејачот Благоја Грујовски. 

Настанот ќе се случи на 25-ти април од 20 часот во хотелот „Амор“ во Кочани.Да се потсетиме дека минатата година на првото издание, дел од естрадните фаци беа: Анета Љумаковска со “Молика“, Џамбо и оркестарот Агушеви, Борче Нечовски, Наум Петрески, Ленче и Горан Кукиќ, Орце Зафировски, Стојне Николова, Јордан Митев, Сузана Гавазова, Орце Гелевски, Сузана Спасовска, групата „Круна“, Горјан Стојановски, Григор Копров и многу други.
Целосната снимка од манифестацијата ќе ја видиме во текот на претстојните празници на една од нашите национални телевизии.   Д.М.