Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 59 пациенти, а вкупно се лекуваaт 473 лица

41

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 19 приеми.

– Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 19 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, а на Клиниката за Детски болести имало осум приеми. На Институтот за физикална медицина е примен еден нов пациент. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 83 оздравени пациенти, стои во соопштението од МЗ.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 194 пациенти.

– Во ГОБ 8 Септември има вкупно 117 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 120 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има три деца позитивни на ковид 19 вирусот и три мајки, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 19 болни, информираат од МЗ.

Вкупно 473 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

– Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 220 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, стои во соопштението.

Од МЗ, исто така, информираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Извор: МИА