Во Иран уапсена позната актерка и адвокат на неколку активисти и новинари

40

Познатата иранска актерка и жестока активистка за правата на жените Таранех Алидусти денеска е уапсена, објавија локалните медиуми.

Актерката, позната по улогите во филмовите на режисерот Асгар Фархади, неколку пати на Инстаграм изрази поддршка за протестите во Иран.

„Таранех Алидусти е уапсена поради објавување лажни информации, како и поради поттикнување хаос“, додаваат медиумите.

Соопштено е дека е уапсен и адвокатот на двајца ирански новинари, затворени поради известување за смртта во притвор на младата Махса Амини.

„Мохамед Али Камфирузи, адвокат на неколку активисти и новинари, беше уапсен во средата“, објави весникот Хам Михан.

Иран се соочува со бран протести по смртта на 22-годишната Махса Амини на 16 септември, откако таа беше уапсена од полицијата за морал во Техеран поради наводно кршење на строгиот кодекс на облекување.

Камфирузи е адвокат на Елахе Мохамади (35), репортерот Хам Михан и Нилуфар Хамеди (30), фотограф на весникот „Шарг“, кои се во притвор од септември.

Тие во ноември беа обвинети за „пропаганда против системот“ и „заговор против националната безбедност“ за привлекување внимание на случајот Махсе Амини.