Во Германија регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај дете:Заразено четиригодишно девојче

166

Во Германија е откриен првиот случај на мајмунски сипаници кај дете, а се работи за четиригодишно девојче кое било заразено со овој вирус, соопшти денеска институтот „Роберт Кох“ од Берлин.

Според извештајот на институтот, таа живее во домаќинство со двајца заразени возрасни лица во градот Форцхајм, објави „Билд“.

Според информациите од Министерството за здравство во Баден-Виртемберг, девојчето нема симптоми на болеста, но превентивно и е земен брис од грлото и е констатирано позитивно.

Минатата недела „Роберт Кох“ објави дека се забележани две инфекции кај млади луѓе на возраст од 15 и 17 години.

Досега во Германија се регистрирани 2.916 случаи на мајмунски сипаници, а најголем дел од заразените се мажи.